Американско катче-Струга донира 50 обраци за ранливи категории по повод Денот на благодарноста

- Локални
411
Во пресрет на Денот на благодарноста, Американско катче Струга ја поздравува и поддржува иницијативата ,,Достава на храна“ за обезбедување бесплатен оброк за лица од социјално ранливи категории во Струга.
,,Во текот на оваа Недела на благодарност, ja поддржуваме оваа иницијатива со 50 оброци, и истовремено ги покануваме локалните бизниси, организации и институции да се вклучат и да допринесат со цел истата да опстои и да расте, и со тоа да овозможи услужување на социјално ранливи лица и во текот на претстојната зима, но и понатаму.,,- информираат од Американското катче Струга, чиј тим обезбедувајќи средства за споменатите 50 оброци соработува со m@М Delivery food-Струга
Американското катче Струга изрази благодарност до  тимот на „Достава на храна“ за отпочнувањето на оваа идеја.
-Им посакуваме успех и поддршка од целата заедница кон реализирање на оваа благородна цел.-стои во нивната објава.
Strugaonline

Facebook Коментари