МОН: Исплата за субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на месецот

- Македонија
388

Министерството за образование и наука информира дека исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на тековниот месец. Сите студенти кои ќе го остварат правото, ретроактивно на своите трансакциски сметки ќе добијат парични средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември.

-Во моментов, комисија во рамки на Министерството за образование и наука задолжена за проверка дали студентите/апликантите ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, врши компарација на податоците наведени во апликациите и податоците кои ги добивме од другите надлежни институции – УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети.-додаваат од МОН

Секој студент/апликант ќе добие решение преку системот преку кој се аплицираше, а веднаш потоа ќе се реализира и исплатата. Информираме дека на повикот кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации.

 

Facebook Коментари