Општина Струга доби противпожарно возило-цистерна со капацитет на носивост на вода од 11 тони

- Локални
579

Општина Струга воспостави деловна соработка со Општина Крива Паланка. Градоначалникот Рамис Мерко вчера беше во работна посета на Крива Паланка каде се сретна со неговиот колега Сашко Митовски и по претходно донесена одлука на двата совети на општините, се изврши размена на противпожарни возила.

Општина Струга доби противпожарно возило-цистерна со капацитет на носивост на вода од 11 тони, а Општина Крива Паланка доби противпожарно возило ,,ивеко“.

Од Општина Струга најавуваат дека соработката меѓу општините и меѓу локалните институции ќе продолжи и во периодот што следува.

Strugaonline

Facebook Коментари