МТСП-Појаснување за мерката за ослободување на родители на малолетно дете до 10 години, кои се вработени лица во време на Ковид-19

- Македонија
448

На  почеток на корона кризата или поточно 10 март Владата на предлог на Комисијата за заразни болести при МЗ  донесе заклучок со кој, вработените лица кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение ,за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано од страна на работодавачот како оправдано отсуство.

На 8.7.2020 на 74 седница Владата донесе одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерките за спречување на ширење на Ковид -19, односно родителите на деца до 10 години возраст,вклучени во воспитно образовниот процес,  кои беа ослободени од работа, да се вратат на работните места ,со оглед  дека учебната година е веќе завршена .

Што значи дека мерката за ослободување на родители од работа сеуште важи за еден од родителите на деца кои биле згрижени во градинка.

Ова е во важност до донесувањето на следната владина одлука по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

 

Facebook Коментари