МТСП: Понеделник, 9-ти септември 2019 година е неработен ден за сите граѓани

- Македонија
920

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен  весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 8 септември 2019 година (недела), Денот на независноста, односно 9 септември 2019 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Северна Македонија им го честита Денот на независноста.

Извор: МТСП

фото: архива

 

Facebook Коментари