МТСП со кампања за превенција и заштита од семејно насилство: Охрабри се, пријави го насилникот!

- Македонија
443

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје,  подготви  кампања за превенција и заштита од  семејно насилство во вонредна состојба COVID-19 преку која жртвите на семејно насилство и јавностa се информираат за препознавање на формите на семејно насилство, каде да се обратат и да пријават за помош и кои се постоечките сервиси за заштита на жртвите на семејно насилство.

„Тргнувајќи од уставните определби за заштита на основните човекови права и слободи и почитувајќи ги општоприфатените норми на меѓународното право за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жената, вклучувајќи го и  семејното насилство, Владата на Република Северна Македонија и во вонредна состојба обезбедува  целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID- 19 и ги потврдува заложбите за преземање на сите неопходни мерки за заштита на жртвите на семејно насилство.“ – информираат од МТСП

Семејното насилство е кривично дело. Секој има право да го живее сопствениот живот безбедно и во согласност со своите потреби.

-Затоа Министерството за труд и социјална политика ги охрабрува  жртвите на семејно насилство, но и сите граѓани кои се сведоци или имат сознанија за насилство,  да го пријават на СОС линиите, во најблиската полициска станица, центарот за социјална работа или здравствена установа, за да можат стручните лица да постапат и да ги заштитат од сторителот на  семејното насилство.-апелираат од МТСП.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари