МВР-51 граѓанин не ја почитувал забраната за движење

- Македонија
493

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР за периодот 29-ти/30-ти април 2020 година, по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 51 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 34 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 72 лица им се издадени решенија за изолација, а 57 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Извор: МВР

Facebook Коментари