МВР: Лични карти можат да се подигнат и денес во управните служби

- Македонија
645

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека управните служби при МВР на територијата на целата држава, денес, на денот на изборите, ќе работат само за подигање на лични карти, во периодот од 07:00 до 19:00 часот.

– Целта е да им се овозможи на граѓаните кои претходно поднеле барање да ги подигнат личните карти и да можат да го остварат правото на глас, информираат од МВР.

Извор : МВР

Facebook Коментари