МВР: Не употребувајте петарди! Над 150.000 луѓе во светот секоја година остануваат инвалиди поради употреба на петарди, од нив 80 отсто се деца

- Македонија
668
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата, доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку телефонскиот број 192. Апелираме особено до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје.-велат од МВР

Како и секоја година, така и оваа, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Одделенијата за превенција при Секторите за внатрешни работи спроведуваат кампањи, изработуваат флаери и плакати и одржуваат различни предавања преку кои укажуваат на можните последици од употребата на пиротехничките средства. Полициските станици, пак, со спроведување на акциски контроли и проверки работат на откривање и санкционирање на лицата кои вршат нелегална продажба на пиротехнички средства.

Strugaonline

 

Facebook Коментари