На денешен ден минатата година „Вардар“ по втор пат стана Европски шампион
На денешен ден минатата година, Вардар по втор пат стана шампион на Европа откако во големото финале на Ф4 ја совлада екипата на Веспрем со резултат 27: 24.

Нашата херојска репрезентација имаше одлично прво полувреме. Вардарци беа во водство уште од самиот почеток на финалето, а во 13-та минута веќе имаа три голови разлика (8:5). Потоа водевме со 11:7, пред крајот на првиот дел имавме и 16:10, а на одмор отидовме со 16:11.
Во вториот дел нашите ракометари имаа мала криза, на петнаесеттина минути пред крај имавме само еден гол предност , 20:19. Пoтоа следуваше нова неизвесност, но Вардар се врати со својата доминација и oглемата желба по втор пат да стигне на тронот на Европа. Донесе голема радост за сите кои со нетрпение го очекуваа ова големо финале. Потоа следуваше и големиот пречек на ракометарите во Скопје, незаборавни моменти за цела Македонија, а посебно за љубителите на ракометот и многубројните фанови на Вардар.
Strugaonline

