(ВИДЕО) Aнгел Стојкоски ја промовираше новата песна „Брате мој“

- Локални
699

Ви ја претставуваме новата песна на Ангел Стојкоски, млад музичар од Струга за кого музиката е професионална определба и култура на живеење.

Станува збор за печалбарска песна насловена како „Брате мој.“

„Како резултат на долговремениот карантин дојдов до идеја да започнам да пишувам песна, ми доаѓаа многу мисли па ги запишував и на крај споив . Со помош на мојот драг другар и колега Љупчо Милошески нешто сменивме, нешто додадовме и го комплетиравме целиот текст. Се работи за печалбарска песна и разделеноста на двајца браќа.“- вели за Strugaonline Ангел Стојкоски.

Музиката и аранжманот се дело на Златко Миладиноски,а приказната и целиот спот го осмисли  Љупчо. Песната е снимена во  IN TV продукција.

Стојкоски изрази надеж дека многу луѓе ќе се пронајдат во песната  и истата ќе биде одлично прифатена од страна на публиката.

Strugaonline

Facebook Коментари