Наумче Мојсоски и официјално е нов директор на Агенцијата за млади и спорт

- Македонија
632

Познатиот ракометар од Струга, Наумче Мојсоски, на вчерашната  владина седница е именуван за нов директор на Агенцијаат за млади и спорт.

Мојсоски на оваа функција доаѓа на местото на Дарко Каевски кој стана пратеник во Собранието.

Во успешната кариера ги носеше дресовите на  ЧМС Букурешт, Лехвија, Металург, Вардар, Риоха, Пелистер, Југ и Струга.

За националниот тим на Македонија одигра повеќе од сто  натпревари.

Својата кариера како играч, Мојсоски ја  заврши во 2016 година.

Последниве две години беше претседател на РК Струга и е еден од организаторите на Интернационалниот турнир во ракомет што секоја година во август се одржува во Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари