Цените на нафтените деривати остануваат исти во следните седум дена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување
на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.12.2021 година и со тоа малопродажната цена на:
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 73,00 ден/лит
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 75,00 ден/лит
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 64,50 ден/лит.
Facebook Коментари