Нови 30 дена вонредна состојба во Македонија

- Македонија
377

Денеска се одржа петта седница  на Советот за безбедност, посветена на вонредната состојба воведена заради заштита и справување со епидемијата со коронавирусот. По завршувањето на седницата, претседателот Пендаровски се обрати на јавноста.

Toj информираше дека  е донесена одлука за прогласување на нова вонредна состоја што ќе трае во следните 30 дена.

„Вчера добив предлог за воведување на вонредна состојба во следните 30 дена. Согласно процените, jасно е дека е потребно повторно прогласување на вонредна состојба. Одлуката ќе ја донесам согласно моите уставни надлежности и ќе трае следните 30 дена. Уставотворецот нема предвидено ваква ситуација, Собранието да не работи и да не може да ја потврди мојата прва одлука за вонредната состојба. Во ситуација кога пратениците земаат плата, кога ниту од нив нема побарано апанажа по завршување на мандатот, значи дека тие се сеуште со валиден мандат, а Собранието сепак не работи. Јас ја преземам одговорноста за ваква одлука затоа што имаме ситуација без преседан, кога е далеку поважно да ги сочуваме животите и здравјето на луѓето, отколку да се криеме зад правни толкувања“, рече претседателот Пендаровски.

Тој  упати повик до  политичките чинители во државата да се изјаснат за начинот на продолжувањето на вонредната состојба во државата во следниот период.

„Ова решение не ја намалува одговорноста на релевантните политички фактори во државата, јасно и јавно да ги кажат своите ставови по ова прашање, затоа што во средината на мај, ќе ги имаме истите правни дилеми пред себе“, појасни  Пендаровски.

Strugaonline

Facebook Коментари