ТОП Вести

Нови модерни патарини на патиштата низ Македонија и плаќање по километар

- Македонија
1317
Подолго очекуваниот проект за поставување на нови патарини на македонските патишта треба да започне со реализација од следната година откако ќе заврши инсталацијата на системот за електронска наплата на патна такса и модернизацијата на патарините долж Коридорот 10, најави Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта во интервју за МИА.Според него, сегашните цени на патарините не треба да имаат корекции и покрај тоа што голем дел од граѓаните сметаат дека плаќаат многу, а возат по лоши патишта. Треба да се има предвид и тоа, посочува, дека дел од граѓаните се возат,  а не плаќаат и ќе мора да се стави плаќање и на излез.Електронската наплата нема предизвика намалување на бројот на вработени.

„Во патарините имате затворен и отворен систем. Сега ако се возите од кај Гевгелија и на крстосницата кај Неготино – Кавадарци свртите за Прилеп не плаќате ништо“, вели Китанов. Тој додава дека таму ќе се постави патарина, па возењето да се плати пресметано за минатата километража.

„Така е на Запад. Ќе има сосема солиден спореден пат. Ние сме должни кога се гради автопат да има спореден пат“, вели Китанов.

Извор: Оhrid 1

Facebook Коментари

error: