Облачно со врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а до крајот на денот и во останатите делови од земјава. Во јужните делови најпрво врнежите ќе бидат од дожд, а потоа ќе преминат во снег.
Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сm. Ќе дува умерен, попладне засилен северен ветер, но во јужните делови претпладне ветерот ќе биде јужен.
Утринските температури ќе се движат од -4 до 2 степена, додека дневните ќе бидат во интервал од -1 до 8 степени.
Врнежи од снег ќе има и во петок, особено претпладне, но со намален интензитет. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сm. Од утре попладне до сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни навеви. За време на викендот облачноста делумно ќе се намали и ќе биде многу студено
Facebook Коментари