Успешен старт на младинците за пласман на ракометниот Мундијал

- Спорт
838

mkd-juniori

Младата ракометна репрезентација на Македонија успешно стартуваше на квалификацискиот турнир совладувајќи ја Полска со 30:22 за пласман на Светското првенство во Алжир, во првото коло.

Младите македонски ракометари со зрела игра, особено во првото полувреме, ја декласираа Полска, која пред почетокот на турнирот важеше за еден од фаворитие за освојување на првото место кое обезбедува пласман на младинскиот Мундијал во Алжир.

Победата Македонија ја најави во првата половина од првиот дел, кога по почетните 3:0, потоа 6:2 и 8:3, создаде предност од 13:6.

Во второто полувреме Македонија стигна и до двоцифрена предност 22:12 во 37-та минута, потоа уследи мал пад во играта, техничките грешки Полјаците ги искористија за една серија од пет гола, намалија на 24:18, но голманот Даскаловски со неколку интервенции спречи Полска уште повеќе да се доближи, а потоа Талески и останатите рутински го завршија натпреварот.

Во четврток Македонија ќе игра против Португалија, во клучниот натпревар, бидејќи Португалците во првиот меч на турнирот ја победија Турција 40:27.

Facebook Коментари