Од 15-ти мај нема да може да се плаќа со книжни 10 и 50 денари

- Македонија
911

Од 15-мај повеќе нема да може да се плаќа со книжните банкноти од 10 и 50 денари.  Од Народна банка информираат дека наместо книжните, во промет ќе бидат пуштени полимерни банкноти , а кованите пари од  10 и 50 денари и понатаму ќе важат.

„Доколку граѓаните поседувате и на 15 мај книжни пари, нив ќе можат бесплатно да ги заменат за други банкноти или ковани пари. Од 15 мај годинава до 15 мај следната година, замената ќе може да се врши во деловните банки а по 15 мај следната година замената ќе се врши исклучиво во Народната банка“, информираат од Народна банка.

Полимерните банкноти претставуваат платежно средство коешто може да се користи за готовински плаќања, исто како и сите други банкноти. Оттука, со нив ќе можете да вршите и готовински плаќања преку автоматите за наплата, откако фирмите коишто ги инсталираат овие автомати во Република Македонија ќе ги приспособат нивните софтвери за да ги препознаваат карактеристиките и заштитните елементи на полимерните банкноти во апоенска вредност од 10 и 50 денари. – објаснуваат од НБРМ

Извор: НБРМ

фото: архива

Facebook Коментари