Вечерва во Охрид нова епизода од театарската импровизација „Импровокација“

- Локални
723

Втората епизода од четвртата сезона од театарската импровизација „Импровокација“ ќе се одигра вечерва на алтернативната сцена, во подрумските простории на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 20:00 часот.

Актерите Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Филип Кипровски, заедно со Филип Ангеличин Жура и овојпат ќе понудат одлично шоу.

Strugaonline

 

Facebook Коментари