Од денеска невакцинираните лица не можат да влезат во угостителски објекти и да одат на настани

- Македонија
632

Oд денеска стапија на сила новите рестриктивни мерки според кои во угостителските објекти и на настани ќе може да влезат вакцинираните граѓани,и оние кои прележале Covid-19 во изминатите 45 дена.

Тоа значи дека се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза. Ќе има редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, но и за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено. Мерката се однесува на лица над 18 годишна возраст.

За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот. Дозволено е да работат терасите со 50 проценти од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители. Хотелите остануваат да работат со полн капацитет и по 16-ти август, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација од Covid-19.

 

Facebook Коментари