Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика oд ноќеска на полноќ бензините и дизелот поскапуваат за два денари.
Еуросупер БС 95 од полноќ ќе се точи по 73,50 денари за литар, додека пак Еуросупер БС 98 ќе се продава по 75,50 денари.
И дизелот поскапува за 2 денари, па од полноќ ќе чини 65 денари.
Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 54 денари, додека пак мазутот 34,534 денари.
Facebook Коментари