Од полноќ поскапуваат бензините, цената на дизелот останува иста

- Македонија
639

Од полноќ бензините ќе поскапат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста.- одлучи Регулаторна комисја за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се точи за 69 денари. Цената на дизелот останува 61 денар за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 денар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,763 денари за килограм на 31,811 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари