Од полноќ поскапуваат бензините, цената на дизелот останува иста

- Македонија
540

Регулаторната Комисија за Енергетика денеска ги објави новите цени на горивата, кои ќе почнат да важат од вечерва на полноќ.

Солгасно одлуката, малопродажните цени на Еуросупер-95 и Еуросупер-98 се зголемуваат за 0.50 денари по литар. Литар 95-октански бензин ќе чини 71.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 73.50 денари.

Цената на Еуродизел не се менува, односно еден литар дизел и понатаму ќе чини 63.00 денари.

Facebook Коментари