ЈП Комунално Струга со нова акција, генерално чистење на потегот од ракометното игралиште „Женска плажа“ до одморалиштето ,,25 Мај“ и други локации

- Локални
446

Eкипите на ЈП Комунално-Струга од работната единица јавна чистота денеска спроведоа акција за генерално чистење на потегот од ракометното игралиште „Женска плажа“ до одморалиштето 25 Мај, околу ОУ ,,Јосип Броз Тито“ и вдолж улиците ,,Велко Влаховиќ“, ,,Партизанска“ и ,,Димче Ковачески.“

-Во рамките на акцијата се вршеше рачно метење, косење, чистење на ивични траки како и подигање на непрописно одложениот отпад надвор од корпите на отпадоци. Акцијата ќе продолжи и во наредните денови во различни делови на градот.“-информираат од претпријатието.

Од таму ги известува сите корисници на услугите дека за сите проблеми и поплаки поврзани со нивните  активности на терен, можат да ги пријават  на тел.046 786 640, на е маил [email protected] како и на нивната Facebook страна.

Strugaonline

Facebook Коментари