Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот

- Македонија
637

Од ноќеска на полноќ  ќе важат нови цени на бензините и дизелот.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на бензините се зголемува од 2 до 2,5 денари, додека на дизелот за 1,5 денар.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 69,50 денари за литар, Еуросупер БС 98 ќе се точи за 72 денари, а Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар.

За еден денар се зголемува цената на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 53,50 денари за литар.

Зголемување има и кај малопродажната цена на мазутот кој ќе се продава по 34,034 денари за килограм.

Овие цени ќе важат во текот на следните сеум дена.

 

Facebook Коментари