Славчо Попоски: Циклонот „Роберт“ удри во Македонија -следува ново невреме

- Македонија
602

Во изминатите 24 часа територијата на нашата држава и тоа западната половина од истата подпадна под значително влијание на изразениот циклон РОБЕРТ и истиот на многу места услови нестабилност проследена со пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер во зоната на нестабилноста. Досега најмногу дожд наврна во 39 литри во Лзарополе, 32 во Струга, 26 литри во Маврово, 22 во Пожаране и во Тетово и 20 во Охрид. На другите места количеството на врнежи беше помало од 20 литри. Во текот на денешниот ден повторно ќе има појава на нестабилна облачност на повеќе места проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни  и во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд (над 20 л.м2), засилен ветер, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења и силен ветер граѓаните да бидат крајно претплазливи.  Максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Во Струга и околината повторно ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер, грмежи и услови за локална појавана град. Максималната температура на воздухот ќе се искачи до околу 22 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Facebook Коментари