Од вечерва на полноќ се зголемуваат цените на горивата.
Согласно последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, бензините Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) поскапуваат за половина денар, цената на Еуросупер БС-98 се зголемува за денар, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за денар и пол. Мазутот М-1 НС поскапува за 0,065 ден/кг.
• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 82 денари/литар
• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 84,50 денари/литар
• Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 77 денари/литар
• Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 76,50 денари/литар
• Мазут М-1 НС – 42,262 денари/килограм.
Facebook Коментари