Објавен документарниот филм за значењето на трската во Охридското езеро

- Локални
608

Регионалниот зелен центар- Охрид го објави документарниот филм за значењето на трската во Охридското Езеро.

-Се работи за краток филм кој ги прикажува убавините и значењето на трската за биодиверзитетот, потребата од нејзина соодветна заштита, како и моменталната состојба на појасот на трска во Охридското Езеро. Претставува склоп на постигнатото од секоја активност во рамки на проектот со интегрирани интервјуа со експерти од областа и локални жители. Неговата содржина е концептуирана со помош на статистичките податоци добиени од спроведените теренски истражувања.-информираат од РЗЦ

Оваа активност е дел од проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“ што се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Strugaonline

Facebook Коментари