Од полноќ значителен пад на цената на нафтените деривати

- Македонија
674

Од ноќеска на полноќ значително намалување на цените на нафтените деривати. – одлучи РКЕ.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 7,50 денари, па новите цени ќе бидат 54,50 односно 56,50 денари за литар.

Еуродизелот (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваатза 6 денари и од полноќ ќе се точат за 48,50 односно 37,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 6,961ден/кг и ќе изнесува 21,934ден/кг.

Facebook Коментари