LIVE STREAM (видео/аудио) концерт одедукативно-забавен карактер на ДНК

- Забава
775

Нешто убаво, нешто малку поразлично, нешто за разбивање на монотонијата и за поткревање на расположението – момците од ДНК решија да подготват мало изненадување и да ни го направат на сите поинтересно седењето дома.

„Здраво, здраво добри луѓе со оглед на актуелната ситуацијата со корона вирусот знаеме дека на сите вам/нам ни е многу досадно. За таа цел заедно со нашиот бенд решивме да ве изненадиме, а воедно и да ви го направиме поинтересен домашниот престој Денес/понеделник со почеток во 21 часот ќе направиме LIVE STREAM (видео/аудио) концерт од едукативно-забавен карактер и, пред сè, во домашен амбиент, се со цел да ја подигнеме свеста на нашите сограѓани за тоа дека е најбитно во ова време да се #ОСТАНЕ_ДОМА. Ќе се дружиме интерактивно ќе #ШИЗИМЕ_И_ПЕЕМЕ_ПО_ДОМА, а вие изолирајте се, следете ги препораките од Министерството за здравство и напишете ни која песна сакате да ја слушнете од репертоарот на ДНК“, велат Панчо и Андреј.

Strugaonline

 

Facebook Коментари