Дизелот од вечерва поскапува за два денари, а цената на бензините останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Од вечерва на полноќ ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 78 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98 и 95 остануваат по иста цена, односно 83,5 и 81,5 денари по литар.
Остануваат исти и цената на екстра лесното масло, и мазутот, кои ќе се продаваат по 77, односно 41,3 денари по литар.
Facebook Коментари