На 117-та седница, Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за проектот за „Изработка на проектна документација за велосипедски патеки во одбрани градови во Македонија“, како конкретна мерка во областа на зелен и урбан транспорт и го задолжи Министерството за транспорт и врски во рок од 3 дена да донесе план за изменување на планот за набавки 2014-2020 за проекти кои се финансираат преку ИПА 2 инструментот на Европската Унија за операционализација на овој проект кој првично ќе ги опфати градовите Скопје, Тетово, Штип и Охрид.
Извор: Влада на РМ
фото: архива
Facebook Коментари