На Евровизискиот фестивал што годинава ќе се одржи во Тел Авив во мај, боите на Франција ќе ги брани Билал Хасани (19) со песната „Roi”. Хасани е транссексуален млад музичар кој потекнува од Мароко. Победата на домашниот избор во Франција не ја очекувал бидејќи на многумина не им се доаѓала неговата трансексуална определба. Со 150 поени од публиката тој победи во конкуренција од седум пејачи.
Билал пее од својата петгодишна возраст, песната Roi што во превод значи „Крал“, на Youtube има повеќе од шест милиони прегледи.
Strugaonline
Facebook Коментари