Пендаровски: За случајот ,,Јавна соба“ надлежните да реагираат веднаш, престапниците да бидат гонети и казнети

- Македонија
348
Случајот ,,Јавна соба“ повторно ја бранува јавноста. Групата  на Телеграм е повторно активна. Експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки се споделуваат со околу 5.600 членови на групата. Една девојка се охрабри и вчера јавно зборуваше за голготата која ја поминала откако и нејзини фотографии и телефонски број се нашле во групата ,,Јавна соба“.
За овој случај реагираше и претседателот на Maкедонија, Г-дин Стево Пендаровски.
,,Правото на приватност е загарантирано со највисокиот правен акт – Уставот на Република Северна Македонија.
Деновиве сме згрозени што повторно сме сведоци на случајот „Јавна соба“, случај во кој фрапантно се крши приватноста на илјадници жени и девојчиња, понижување, сексизам и насилство кои оставаат трајни последици на нивните животи.
Насилството врз жените и девојчињата, во секоја форма – психичко, физичко, сексуално е казниво со закон. Барам од надлежните институции соодветно да го истражат случајот, а престапниците да бидат гонети и казнети согласно законските прописи. Одговорност мора да има во најкус можен рок.“-напиша Пендаровски.
Претседателот предупреди дека ако не се дејствува сега, се создава можност за креирање на култура на неказнивост за кривични дела со кои се уништуваат животите на илјадници жртви.
,,Како општество, секој од нас треба да покаже солидарност и поддршка на жртвите, да не дозволиме двојна виктимизација. Да дејствуваме веднаш!“ – порача Пендаровски.
Strugaonline

Facebook Коментари