,,Каков го оставивме, таков и го начекавме. Сплетки, интриги, љубовни заврзлами… и по некој турист. “-вака тимот на серијата ,,Преспав“ ја најавува новата сезона што наскоро ќе се емитува на МРТ1.
Првата епизода од македонската серија се емитуваше пред четири години и уште од тогаш наиде на многу позитивни критики и интерес од публиката.
Како што велат од тимот, пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во нашата држава, во кои се прекршува балканскиот менталитет од кој ликовите не можат да избегаат. Ова, пак, е причина за многу конфликти и комични ситуации во кој ќе се препознае речиси секој.

Тизерот за новата петта сезона на ,,Преспав“ на следниов ЛИНК
Facebook Коментари