3-ти декември е Меѓународен ден на лицата со посебни потреби

- Македонија
1694
Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби е ден кој беше промовиран од страна на Обединетите нации од 1992 година. Целта на овој ден е да се поттикне подобро разбирање од страна на целокупното општество за луѓето со хендикеп, да се поттикнат луѓето да станат посвесни за правата, достоинството и блосостојбата на лицата со посебни потреби, како и да се подигне свеста за придобивките од интегрирањето на лицата со посебни потреби во секој аспект на животот и општеството – економски, политички, социјален и културен.
Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби секоја година се одбележува на 3 декември, со цел да се промовира јакнење и создавање на вистински можности за лицата со попреченост. Јакнењето подразбира инвестирање во луѓе – во работните места, во здравството, во исхраната, во образованието и во социјалната заштита. Кога луѓето со посебни потреби се вклучени во општеството, тие се поподготвени да ги искористат можностите, тогаш стануваат агенти на промени и можат полесно да ги прифатат нивните граѓански одговорности.
Агендата за одржлив развој до 2030 година ветува дека “нема да остави никој зад себе”. Лицата со посебни потреби, како корисници и агенти на промени, можат брзо да го следат процесот кон инклузивен и одржлив развој и да промовираат еластично општество за сите, вклучително и намалување на ризикот од катастрофи, хуманитарна акција и урбан развој.
Според Светската здравствена организација, се проценува дека околу една милијарда луѓе живеат со некаква форма на попреченост. Ова одговара на околу 15% од светското население. Помеѓу 110 милиони (2,2%) и 190 милиони (3,8%) лица на возраст од 15 години имаат значителни тешкотии во функционирањето. Стапката на попреченост, делумно, се зголемува поради стареењето на населението и зголемувањето на хроничните здравствени состојби
Во Република Северна Македонија се проценува дека 10 % или околу 200 000 жители се лица со посебни потреби.
Демократските правци во светот, кои се се поизразени, мошне позитивно се рефлектираат врз лицата со посебни потреби, што е воочливо прекубројните заложби како што се: рамноправност, интеграција, модернизација, перманентност на образованието и друго.
Конвенција за правата на лицата со попреченост е еден од главните и многу битни документи наменет за оваа категорија на лица. Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на ОН, претставува прв меѓународно правен и обврзувачки инструмент преку кој се утврдуваат минимум стандарди за правата на лицата со посебни потреби. Таа е усвоена во рамките на Обидинетите Нации на 13 декември 2006 година. До јануари 2011 година ја имаат ратификувано 97 држави. Република Северна Македонија ја потпиша Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на 30 март 2007 година, а ја ратификува на 5 декември 2011 година.
Целите на Конвенцијата проникнуваат од осум приоритетни области, од кои под реден бр.7 е Здравството: еднаков пристап до здравствени услуги и сродни здравствени установи за лица со посебни потреби. Согласно со Конвенцијата се гарантира правото за сестрана и еднаква здравствена заштита со еднаков квалитет за лицата со посебни потреби, и се регулира правото за највисок достапен стандард во здравството без дискриминација врз основа на попреченост.
Владите, лицата со посебни потреби и нивните репрезентативни организации, академските институции и приватниот сектор треба да работат како тим за да ги постигнат целите за одржлив развој и да ја оправдаат темата на овој интернационален ден.
Извор: Ретки болести Охрид

Facebook Коментари