Почина познатиот актер и продуцент Данчо Чевревски

- Македонија
95

Во 69-та година од животот синоќа во Скопје почина познатиот актер и продуцент Данчо Чевревски.

Чевревски е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализирал во Лос Анџелес.

Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТРИАНГЛ, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот.

Глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои „Игмански марш“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“.

Добитник е на бројни награди и признанија.

Минатата година на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на ТВ.

Facebook Коментари