Под мотото ,,Надеж“ се одбележува Светскиот ден на волонтерството

- Македонија
194
Секоја година на 5-ти декември во Меѓународното движење на Црвен крст и Црвена полумесечина се одбележува Светскиот ден на волонтерството.
На глобално ниво, во националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина секоја година, над 16 милиони волонтери даваат активен придонес во подобрување на животот на ранливото население.
-Оваа година Црвениот крст на РСМ го одбележува Светскиот ден на волонтерството, 5-ти декември под мотото ,,Надеж” со цел да се оддаде признание за придонесот на волонтерите и да се подигне свеста за значењето на волонтирањето и надежта за подобро утре и подостоинствен живот на луѓето која ја носат волонтерите преку активностите и личниот ангажман во локалните заедници.- информират од Црвен крст на РСМ.
Додаваат дека продолжуваат да го негуваат и поттикнуваат волонтерството заради остварување на заедничките цели – да бидат хумани и достоинствени и да им помаат на луѓето кои се нашле во неволја.
Strugaonline

Facebook Коментари