Поскапуваат бензините и дизелот

- Македонија
686

Од вечерва на полноќ поскапуваат бензините и дизелот.-одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, Еуросупер БС-95 поскапува за денар, а Еуросупер БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар.

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 68,50 денари, а 70,50 денари на Еуросупер БС-98. Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 62 денари,а  екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,206 денари за килограм и изнесува 33,340 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари