После триесет години , се реконструира кровот на Домот на културата во Струга

- Локални
1185

Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“-Струга од денеска започнува со реконструкција на дел од кровот на објектот.

„За набавката се обезбедени средства со договор за учество во финансирање на проекти содржани во годишната програма за работа на Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“-Струга за 2019 годна од областа на инвестиционото одржување , адаптација и набавка на опрема на установата склучен со Министерството за култура на Република Северна Македонија.“ – изјави директорката Николина Велкоска за Strugaonline.

За реконструкцијата, Министерството за култура одвои  750 000 денари, а Центарот за култура учествува со 70 000 денари обезбедени од сопствениот буџет.

Кровот последен пат е реконструиран пред триесет година,  а директорката  истакна дека истиот прокапува и на тој начин се оштетуваат внатрешните простории на установата. Таа додаде дека со оваа реконструкција ќе биде отстранет и салонитот кој што се наоѓа на покривот, а реконструкцијата се врши на површина од 630 м2.

Градежните активности за реконструкција на кровот ќе траат  следните четриесет дена.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари