Пожарот во Универзална сала е ставен под контрола

- Македонија
112

Ставен е под контрола пожарот што избувна утрово во Универзалната сала во Скопје, додека објектот се реконструира.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека гори една од куполите на објектот и дека пожарникарите се на самото место и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Црн густ чад се издигаше над Скопје, а сирени од противпожарни и полициски возила се слушаа на сите страни во близина на објектот. Во моментов уште чади објектот, но огнот кој беснееше е ставен под контрола.

Неофицијално во болница се пренесен две лица кои вдишале чад.

Извор:skopjeinfo.mk

фото: FB

Facebook Коментари