Пратеничката Лилјана Затуроска поднесе оставка од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

- Македонија
953

Генералниот секретар на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка Лилјана Затуроска вчера поднесе оставка од оваа функција. Претходно, оставка поднесе и претседателката на Унијата на жени и пратеничка Даниела Рангелова, која изрази несогласување со актуелното раководство на партијата.

-Како генерален секретар поставен од претседателката Рангелова сакам да изразам голема благодарност за довербата која ми ја даде во два наврати и правев се од себе за да ја извршувам функцијата најдостоинствено што можеше. Рангелова и тимот ја поставија Унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи. Функцијата генерален секретар на УЖ на најголемата и најмоќната партија беше задоволство и предизвик да се извршува. Давам оставка од оваа функција со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим кој ке ја предводи унијата. Стојам на располагање на мојата партија почитувајки ги и извршувајки ги одуките и активности кои ке ми бидат доверени во иднина, напиша Затуроска на Фејсбук.

Фото: архива

Facebook Коментари