Иницијативен одбор: Да се уплатат средствата од кутиите за да имаме увид во собраните средства за Сара

- Локални
834

Заради што поскоро заминување на Сара во Германија, ги замолуваме сите организатори на хуманитарни настани, собраните средства да ги уплатат на познатите жиро сметки.

Исто така претпријатијата каде се поставени кутии за донација, да ги однесат до ОО на Црвен крст Охрид или средствата да ги уплатат на познатите сметки, апелираат од Иницијативниот одбор за собирање средства за лекување на Сара.

– Изминативе денови сите живееме за Сара. Покажавме дека хуманоста не познава граници, нации, верска припадност. Донираа нашите сограѓани, како и сите хумани луге од целата наша земја, од Европа, Америка, Австралија… Од името на иницијативниот одбор чувствуваме потреба да изразиме ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ ХУМАНИ ЛУЃЕ кои не поддржаа и се` уште не поддржуваат. Воедно сакаме да ја информираме јавноста дека се` уште немаме точен увид во средствата кои се прибрани за лекување на Сара. Вашиот и наш успех се големи. Поголемиот дел од средствата се собрани, но не доволно за да може нашата Сара веднаш да замине на лекување. Со почит и голема благодарност до сите Вас, стои во информацијата од иницијативниот одбор за собирање средства за лекување на Сара.

На Сара и’ е дијагностициран малиген тумор Anemia Aplastica, кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. За зафатот се потребни повеќе од 200.000 евра, кои ќе се искористат за лекување во Германија.

Извор: ОхридПрес

фото: архива

Facebook Коментари