Прекрасен поглед кон планината Јабланица сликана на 2 Март 2017, во кој може да се види новиот наврнат снег.
Еве ја најновата прогноза за денес од УХМР:
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен и југозападен правец. Во текот на ноќта во Полошкиот регион имаше слаби врнежи од дожд.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде локално ќе наврнат околу 20л/м2 воден талог.. Ќе дува умерен дo засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи од 10 до 15 степени. Во
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови поради што ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Наместа ќе има услови за ретки грмежи. На планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Утре повеќе врнежи ќе има во западните и јужните делови каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20л/м2, а локално и над 30 л/м2. Во петок во текот на денот врежите ќе престануваат. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.
Извор: УХМР
Фото: Стојан Стојановски
Facebook Коментари