Facebook воведува опција „dislike“ но само на “messenger”

- Вести, Занимливо
890

Откако постои Фејсбук и “like” опција оттогаш народот пожелува да има опција “dislike”. Долгогодишната гласина на  друштвенaта мрежа започна да се тестира како функционална, за жал не нa Facebook, туку на Messenger.

Сè уште не се објавени многу детали. Според Марк, копчето нема да може да се користи за да „гласате“ негативно на одредена објава од пријателите, бидејќи никој не би сакал да види дека некој му притиснал „не ми се допаѓа“ кога си споделува важна вест.

Сепак, палецот свртен надолу, наскоро би можел да биде достапен на оваа мрежа, но барем за сега, корисниците нема да можат да ја користат опцијата „dislike“ и тоа на „news feed“, туку би можело таа опција да биде достапна на „Messenger“.

„Секогаш тестираме начини да го направиме Месинџер позабавен и поангажирачки. Ова е мал тест во кој ќе им овозможиме на луѓето да споделат емоџи кое најдобро ги претставува нивните чувства во порака“, вели претставник на компанијата.

Фејсбук воведе реакции пред околу една година, а алатката се покажа многу популарна.

Повеќе од 300 милијарди реакции биле искористени досега, а „love“ е најчесто користената.

Facebook Коментари