Преображение Христово

- Македонија
363

Верниците од православна вероисповед денеска го слават празникот Преображение на Господ Исус Христос, кој секоја година се одбележува на 19-ти август.

 На овој ден се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован. Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан.

Според преданието, за да не ослабе верата на апостолите со неговото страдање и смрт кои претстоеле и за неговите ученици да не отпаднат од него, Господ Исус Христос сакал да им покаже барем дел од својата божествена слава. Затоа ги зел со себе Петар, Јаков и Јован и излегол со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобразил пред нив.

Преображение Господово е еден од оние осум големи Христови празници, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гората и водата, најавувајќи ја идната есен. Според народното верување тогаш за прв пат во годината се бере и јаде грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува.

извор: МПЦ-ОА

фото: архива

Facebook Коментари