Денеска ќе преовладува променливо облачно време со засилен ветер претежно од југоисточен правец, особено во источните делови. Попладне и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и локално ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 16 до 21 степен. Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места ќе бидат пообилни, проследени со засилен јужен ветер и локална појава на грмежи. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 16 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари