Пристигна првата пратка со вакцини ,,Астра Зенека“, масовната имунизација започнува во среда

- Македонија
398

Утринава на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна првата пратка со вакцини ,,Астра Зенека“ преку Ковакс системот.

,,Со овие 24.000 дози е предвидено да стартува масовната имунизација кај нас, започнувајќи од среда. Благодарност до сите земји во светот кој го поддржаа овој систем, посебно на пријателските земји САД, Германија, Велика Британија, Франција и земјите од ЕУ како и на СЗО, УНИЦЕФ и ОН со чија помош го организиравме транспортот до нашата земја. Системот за имунизација е подготвен и сега нашиот фокус е да имунизацијата се спроведува во континуитет во текот на месеците кои следуваат, започнувајќи со Астра Зенека, а продолжувајќи со најавата за другите вакцини кои сме во очекување да ги добиеме многу скоро.,,-вели министерот Филипче.

Заедно со министерот за здравство Венко Филипче, на пречекот  на вакцините беа и американската амбасадорка Кејт Брнз, германската амбасадорка Анке Холштајн, британската амбасадорка Рејчел Галовеј, францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, Никола Бертолини од Делегацијата на Европската Унија, Џихан Тавила од СЗО, Патриција Ди Џовани од УНИЦЕФ и Росана Дуџак од Обединетите Нации.

Strugaonline

 

Facebook Коментари