Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов добија 30-дневен притвор, а на Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски им е одреден домашен притвор, објави попладнево Кривичниот суд. Шестемина пратеници денеска беа на распит пред судија на претходна постапка за насилствата во Собранието од 27 април годинава.
Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Љупчо Арнаудов и Сашо Василевски се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.
Извор : Сител
Facebook Коментари