Четкар со два концерти на егзотичното Тајландско острово Самуи

- Забава
723
Владимир Четкар моментално се наоѓа на Тајландското острово Самуи, каде на 9 и 10 Декември ќе одржи два концерта на Thailand Smile Jazz Festival, еден од најголемите музички фестивали во земјата и поширокиот регион.
 За Четкар ова ќе биде трета турнеја по ред оваа година во Тајланд каде тамошните медиуми македонскиот музичар го издвојуваат како еден од најквалитетните интернационални артисти кој со својата работа според светската критика ги ревитализирал асид џез, фанк,соул и диско жанровите
 На концертите Четкар стандарно ќе се претстави со комплетна авторска музика а ќе биде придружуван од популарниот Тајландски џез фјужн состав, Фанкшн ( Funktion).
Strugaonline

Facebook Коментари